СТАНИ ПИЛОТ!

Освои ги небесните височини

Потребни квалификации:

Завршено високо образование

Солидно познавање на англиски јазик

Возраст: до 28 години

Центарот за обука на пилоти за потребите на Министерството за одбрана/АРМ создава инфраструктура која ќе овозможи квалитетно и брзо школување и обука на пилоти,со цел создавање национални ресурси за развој на воздухопловството во Република Македонија. Центарот за обука на пилоти претставува врвна институција проектирана да едуцира, пред сè, пилоти на хеликоптери оспособени да извршуваат сложени воени мисии.

НАЈСОВРЕМЕН ЦЕНТАР ЗА ОБУКА НА ВОЕНИ ПИЛОТИ ВО РЕГИОНОТ И ЕДИНСТВЕН ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
About Us Big Image
    ЦЕНТАРОТ РАСПОЛАГА СО:
  • Современи училници и наставни помагала
  • Компјутерски систем за селекција и обука
  • Високостручен и искусен персонал.

мултифункционален објект на Центарот за обука на пилоти во кој е вграден најсовремен софистициран систем и е опремен со симулатори за летање со хеликоптерите Ми-17 и Ми-24

Ве покануваме на отворениот ден на пилоти!

ЗОШТО ДА СТАНЕШ ПИЛОТ?

Бесплатна обука по највисоки светски стандарди

Гарантирано вработување

Бенефициран работен стаж

Можност за решавање на станбено прашање

Можност за професионално усовршување

Меѓународнa размена на искуства

Можност за дозвола за комерцијално летање

Редовен медицински надзор

Конкурс за воени пилоти

Критириуми за избор и запишување на слушатели за родот авијација на Воената академија.

Ве покануваме на отворениот ден на пилоти!

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Не знаете каде да се пријавите или кои се потребните документи за пријавување?
Општи и посебни услови:
да се државјани на Република Македонија;
да имаат завршено прв циклус на студии или завршен VII/1 степен;
да не се постари од 28 години на денот на објавување на Конкурсот;
да се психофизички способни.
да не им е изречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност;
да ги исполнуваат безбедносните критериуми предвидени со Законот за класифицирани информации
Потребно е да имате факултетска диплома без разлика на кој факултет сте завршиле.
Кандидатите кои конкурираат на Конкурсот треба да ги поднесат следните документи:
пријава (пополнет формулар што се добива во Академијата);
диплома и уверение за завршено високо образование;
уверение за државјанство;
извод од Матичната книга на родени;
уверение од надлежен суд за неизречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност.
кратка биографија (CV).
Документите за пријавување на Конкурсот кандидатите треба да се достават лично во деловодството на Воената Академија “Генерал Михајло Апостолски” во Скопје на ул. ,,Васко Карангелески“ бб .
Пријавата можете да ја подигнете и пополните на денот на пријавувањето во Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.
При почетното рангирање, се зема во предвид општиот успех на кандидатите од првиот циклус на студии и проверката на физичката подготвеност.
Натамошната селекција се состои од селективни проверки и тоа:
проверка на познавање англиски јазик (освоени минимум 70 поени по American language course placement test – ALCPT тест);
проверка-селекција на земја;
посебна здравствена способност, што го утврдува надлежна лекарска комисија за воздухопловен персонал;
проверка-селекција во воздух.
Сите селективни проверки имаат елиминаторен карактер. Кандидатот кој нема да помине на една селективна проверка го губи правото да учествува на следните проверки, а со тоа го губи и статусот на кандидат.
Доколку практикувате кратки вежби на дневна основа, не би требало да ви претставува проблем да ја поминете оваа проверка. Минималните норми кои треба да се задоволат при проверката на физичката подготвеност се дадени во табелата.
Конкурсот за пријавување на воени пилоти е активен во текот на целата година, а крајниот рок за аплицирање на постоечкиот конкурс е 03.03.2017. Повелете во Воената Академија во Скопје, пријавете се и исполнете го Вашиот сон.
Да, конкурсот ќе продолжи да биде активен и во иднина, па сите кои не можат да аплицираат на сегашниот конкурс, тоа ќе можат да го сторат на следните.
Обуката е целосно бесплатна. Слушателите на обуката за воени пилоти добиваат бесплатно сместување и исхрана во кампусот, бесплатни материјални средства (литература, лап топ, прирачни средства, летачка опрема) и сè што е потребно за успешно завршување на обуката.
Обуката се реализира од страна на висококвалификувани инструктори од Република Македонија и Израел. Се работи за уникатен пристап на обука базиран врз израелските искуства, по највисоки стандарди компатибилни со оние на НАТО-алијансата.
Селекцијата на кандидатите се базира на успешноста и на резултатите кои ги оствариле кандидатите при почетното рангирање и при селективните проверки, без разлика на полот. Досега обуките ги имаат успешно завршено и две жени кои веќе се распоредени на своите летачки задачи, едната во редовите на Армијата на Република Македонија и другата во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Да, по успешно завршување на обуката добивате звање воен пилот на хеликоптер, офицерски чин во родот Авијација и стапувате на служба на неопределно време во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.
Откако успешно ќе ја завршите обуката за воени пилоти, имате обврска да останете во служба на АРМ трипати подолго од времетраењето на обуката.
По завршувањето на обуката, ќе се стекнете со вештини кои се високо ценети и барани, како што се: лидерство, тимска работа, управување со време, самодисциплина, способност за решавање на комплицирани проблеми, способност за когнитивна флексибилност итн.
Гарантирано вработување на неопределно време
Бенефициран работен стаж
Можност за решавање на станбено прашање
Меѓународнa размена на искуства
Можност за професионално усовршување
Редовен медицински надзор
Стекнување на вештини кои се високо ценети
Рекреативни активности за одржување на психофизичката кондиција
Стекнување на искуство кое во иднина пружа можност за добивање на дозвола за комерцијално летање и други бенефиции дефинирани со закон

Ве покануваме на отворениот ден на пилоти!